Дефанзивецот на Аргентина, Хавиер Маскерано, постави рекорд по број натпревари за неговата земја.

Рекордниот 144-ти натпревар за Аргентина тој го игра денес со Исланд од групната фаза на Светското првенство 2018.

Маскерано го претекна дефанзивецот Хавиер Занети, кој има 143.

Капитенот на тимот Лионел Меси го одигра својот 125-ти натпревар за тимот, откако ги изведе „албиселесте“ со капитенската лента.

Според овој показател тој надмина легенди како Ѓорге Хаџи од Романија, Петер Чех од Чешка, а исто така се доближува до Питер Шилтон од Англија и бразилскиот лев бек - Роберто Карлос.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 21:03