Златан Ибрахимовиќ изрази поддршка за Карим Бензема по натпреварот Франција - Австралија (2:1) на Светското првенство и изрази жалење дека не го гледа својот пријател на терените во Русија.

- Тоа не е нормално за мене - Бензема нема да биде присутен во репрезентацијата на Франција. Тој е еден од најдобрите во светот, без сомнение. Тој ја освои Лигата на Шампионите, со главна улога во Реал Мадрид, а она што се случи надвор од тимот не е важно. Да, непријатна приказна, но нема однос кон самата игра и од неговото отсуство страда целиот тим, изјави Ибрахимовиќ, кој е во Русија како дел од спонзорска програма на ФИФА.

Тој додаде дека е „букално смешно“ дека го нема и дека ако сакаш да победуваш, на французите им требаат токму такви луѓе - победници.

- Бензема е токму таков. Дури и ако треба да се избира, Карим треба да биде во составот, а не Дешан, додаде Златан.

Карим Бензема беше отстранет од составот на Франција во 2015-та година со одлука на Француската фудбалска федерација, бидејќи се покажа дека под негова контрола е спроведена уцена на неговиот клубски колега, Матју Валбуена поради секс-снимки.

Неговата казна беше две години аут од националниот тим, но по истекувањето на санкцијата, Бензема повторно не се врати во тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 21:03