Репрезентацијата на Данска забележа успешен почеток на Светското првенство 2018.
Европскиот шампион од 1992 година го победи Перу со 1:0 во својот прв натпревар на Мундијалот. Јусуф Поулсен беше херој за „црвениот динамит“ со својот гол во 59-тата минута.
На крајот од првиот дел пак, Кристијан Куева од Перу пропушти пенал.
Во вториот натпревар од групата порано денеска Франција ја победи Австралија со 2:1.
Во следните натпревари од групата „Ц“, Данска ќе игра против Австралија, додека Франција ќе се соочи со Перу.