Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ остана задоволен од поддршката на навивачите при победата со 2:0 над Нигерија, а во исто време предупреди дека во следниот натпревар Аргентина ќе биде многу мотивирана против неговиот тим. - Атмосферата на стадионот беше одлична, сеедно како да играме дома. Знаевме дека нашите навивачи ќе дојдат, но не очекувавме да се толку многу. Задоволство е да не игра тука, жално што во Хрватска немаме таков стадион како овој во Калининград. Сега треба да се одмориме и да се подготвиме за натпреварот со Аргентина, изјави Хрватот по вчерашната победа. Тој додаде дека по ремито со Исланд, ситуацијата во групата за Аргентина е сменета, и тимот на Хорхе Сампаоли ќе игра со уште поголема мотивација против нив. - Противникот ќе игра со уште поголема мотивација, откако не успеа да го победи Исланд. Ќе видиме во каква кондиција се нашите фудбалери. Аргентина го има Меси, но ситуацијата во групата за нив се смени по ремито со Исланд, изјави Далиќ .



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2018 11:31