Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, изрази доверба дека тимот нема да изгуби од Аргентина во нивниот претстоен натпревар од Светскиот куп. Хрватите вчера ја победија лесно Нигерија со 2-0 и се во добра позиција да продолжат во следната фаза. - Натпреварот со Аргентина ќе биде тежок. Ги знаеме нивните силни страни, но победата над Нигерија ни даде самодоверба. Може да земеме поени во следниот натпревар. Аргентина е под притисок, не очекуваа да одиграат нерешено со Исланд, рече Модриќ, кој беше стрелец на вториот гол за „коцкастите“ од пенал.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2018 11:32