Англиските репрезентативци се откажаа од официјалниот тренинг на стадионот „Волгоград-Арена“ пред натпреварот против Тунис од групата „Г“ на Светското првенство во Русија. Причините за одлуката се непознати, но членовите на тимот ќе учествуваат на прес-конференцијата пред натпреварот, објави ТАСС. Играчите ќе летаат во Волгоград на денот пред натпреварот, а подоцна во градот се очекува да пристигнат и навивачите на тимот. Туниската делегација пристигна во саботата, а денес репрезентативците ќе одржат официјален тренинг. Дуелот помеѓу Тунис и Англија е утре во 20 часот.