Веќе поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез во интервју за официјалната страна на СЕХА лигата го резимираше неговиот престој во македонскиот шампион.
Тој изјави дека е многу горд на сработеното со „црвено-црните“.
- Горд сум бидејќи заедно се искачивме на врвот. На почетокот Вардар беше нов клуб што покажа големи амбиции, а до крај го постигнавме најголемиот успех во Лигата на шампиони. Мислам дека кога поминаа првите две години, бевме многу добри. Игравме во главната група и тоа е многу тешко. Нашата екипа секогаш беше на врвот и тоа е многу важно, затоа што, иако не игравме во Келн првите сезони, имавме многу добри шанси против Киелце и Веспрем. Тие беа малку подобри од нас за некој гол. Мислам дека сега Вардар е многу добра екипа и секогаш ќе има шанса да игра на завршниот турнир, вели Гонзалес.