Фудбалерот на Манчестер Сити и на Англија, Фабијан Делф го напушти кампот на тимот во Русија.
Дваесет и осум годишниот халф ќе се врати во својата родна земја за да присуствува на раѓањето на своето трето дете.
Делф рече дека нема проблем со селекторот Гарет Саутгејт, кој „прекрасно ја разбира ситуацијата“.
Халфот најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар на Англија на СП 2018 против Тунис, кој е утре од 20:00 часот во Волгоград.
Во исто време, напаѓачот Маркус Рашфорд се врати во тимот по мала повредата на коленото.
Дваесет-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед пропушти неколку трнинзи на Островот поради повредата што ја претрпе на 11 јуни.