Руди Фернандез и следните две сезони ќе настапува за Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.

33-годишниот кошаркар го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до 2020 година. Тој во Реал е од 2011 година, една година подоцна замина во НБА да игра за Денвер, но по една сезона повторно се врати во Мадрид.

Негов матичен клуб е Хувентус, а има играно и за Портланд.

Фернандез со Реал има два титули од Евролигата и три од шпанското првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 10:57