На првиот турнир од првата 3х3 лига во Македонија победник е екипата Кантина која во финалето одиграно ноќеска по полноќ го совлада тимот на Баду со 21:16.

На победничката екипа која настапи во состав Митко Маринковски, Марко Дујковиќ, Давид Гашовски и Кичо Ристов, освои 1500 евра и слот за Сателит турнирот во Бар, Црна Гора.

Второ пласираната екипа доби парична награда од 500 евра и слот за Сателит турнирот во Приштина следниот викенд.

Турнирот се одржа на петтото ниво од катната гаража на „Скопје Сити Мол“. И покрај лошите временски услови, организаторот направи напори да се одигра во регуларни услови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 11:45