Рускиот репрезентативец Алан Џагојев нема да може да играна преостанатите два меча во групната фаза на Мундијалот. Тој на средбата со Саудиска Арабија (5:0) заработи повреда на бутниот мускул и предвреме го напушти натпреварот.

Џагојев кој е еден од најдобрите во селекцијата на Русија е оптимист дека ќе закрепне до почетокот на втората фаза.

- Имам лоши вести, но верувам дека ќе бидам подготвен за нокаут фаза, се разбира очекувам Русија да се пласира во следната фаза. Се надевам на таков исход, изјави Џагоев за руските медиуми.

На домаќините на Мундијалот до крајот на групната фаза им остануваат натпреварите со Египет и со Уругвај.

Со евентуална победа над Египет утре Русите би избориле пласман во осминафиналето.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 15:10