За првиот нивен натпревар на Мундијалот во Русија се подготвува и англиската компанија за дистрибуција на електрична енергија „Нешнал грид“.

Од компанијата наведуваат дека во текот на полувремето очекуваат да се користи далеку поголема количина на енергија, еднаква на онаа кога во исто време би биле отворени 23 милиони ладилници.

Во Британија, кога поголем број на навивачите ја користат 15-минутната пауза да земат нешто од разладните уреди, вкупната потрошувачка на струја може да се зголеми и до 500 мегавати.

Исто така, во компанијата биле правени проекции ако англиската репрезентација се пласира во финалето, при што електричната мрежа би можела да претрпи и колапс.

На пример, во случај на неизвесно финале на Англија и евентуални пенали кои би одлучувале за титулата шампион на светот, електричната мрежа би имала потреба од 2.000 мегавати.

Рекордот засега го држи полуфиналниот натпревар од Светското првенство во Италија во 1990 година, кога Англија беше елиминирана на пенали од Западна Германија, а беа потрошени 2.800 мегавати.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 02:14