Избегната е голема трагедија на фудбалското Светско првенство (СП) кое е во тек во Русија, откако се запали едно од крилата на авионот со кој репрезентацијата на Саудиска Арабија летала за Ростов.
Според руските медиуми, до пожар дошло поради технички проблем со моторот, но пилотот со максимална умешност успеал да го слета авионот, спречувајќи огромна трагедија.
– Фудбалскиот Сојуз на Саудиска Арабија сака да ги увери сите дека членовите на репрезентацијата се апсолутно безбедни по малиот проблем со моторот на авионот – се вели во соопштението.