За вашето момче, неговата претходна девојка била совршена, и тоа постојано Ви го повторува. Иако таа го изневерила, оставила, разочарала, посрамила... тој се уште смета дека таа е совршена. Во тој случај, Вие никогаш нема целосно да го заземете нејзиното место во неговото срце и мисли.
Постојано зборува за неа
Доколку тој често зборува за тоа како неговата поранешна девојка била напорна, претерано доминантна и неподнослива - тоа значи дека се уште има чувства кон неа.
Но и ако по секоја цена го избегнува секое Ваше прашање за неа, случајот е ист. Ако тој навистина ја преболел поранешната, искрено ќе Ви признае колку тоа било болно за него. Меѓутоа, ако упорно ја избегнува таа тема, тоа значи дека тој самиот не расчистил со своите чувства и емоции.
Порано љубовници, а денес најдобри пријатели!?
Во денешно време, нормално е откако двајца ќе раскинат, да останат во контакт, но не и ако станат најдобри другари. Во најголем број случаи, тоа „другарство“ повторно прераснува во љубов.
Во секоја од горенаведените ситуации, најдобро решение е разделба, бидејќи речиси секој обид да се надмине проблемот, завршува со неуспех.