Англиските навивачи синоќашната победа над Тунис ја прославија на „Централниот насип“ во Волгоград, но за време на прославата тие многу не се грижеа за хигиената во градот.

Според локалната информативната агенција „Градски вести“, 15 илјади британски навивачи се собраа на прославата по која зад себе оставија околу 170 кубни метри смет.

Општинските власти од денеска наутро го чистеа градот. Околу 200 лица и 50 специјални возила беа ангажирани во акцијата.

Светското фудбалско првенство 2018 се одржува во Русија од 14 јуни до 15 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 11:51