Репрезентацијата на Јапонија постигна многу вредна победа со 2:1 над фаворитот Колумбија во првата средба и за двата тима на Мундијалот во Русија.

Дуелот се одигра на стадионот „Мордовија Арена“ во Саранск, а јужноамериканците го одиграа речиси целиот натпревар со човек помалку, откако уште во четвртата минутам Карлос Санчез беше избркан поради игра со рака во шеснаесетникот.

Тој направи пенал, кој беше реализиран од Кагава, а со генијална изведба од фаул, Кинтеро израмни во 39-тата минута на средбата.

Победата за „самураите“ ја донесе Осака во 72-та минута, кога го постигна победоносниот гол со глава.

По овој натпревар, Јапонија е лидер во групата „Х“, во која се уште Полска и Сенегал, чиј натпревар почнува од 17 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 16:19