Тетово oд денеска до петок ќе биде домаќин на седмото издание на филмскиот фестивал на кратки филмови Watch out. Од организаторите, невладиниот Центар за балканска соработка Лоја од Тетово, велат дека годинaшното издание на фестивалот освен во квантитативна расте и во кавлитативна смисла.
- За Watch out годинава добивме 357 кратки филмови од 73 земји. Фестивалот навистина станува културен белег на градот, а ние како Лоја ќе продложиме како и во изминатите години да го пополнуваме тој вакуум во културното живеење. Ова го правиме без никаква подршка од институциите бидејќи иако имаше обид за тоа ние не сакавме да го прифатиме нивниот начин зашто сметаме дека овој и другите настани треба да останат отворен простор за креативно изразување на сите без разлика на политичката, националната, верска или другата нивна заднина, рече Бујар Љума, извршниот директор на Лоја.
Жири комисијата што ја сочинуваат писателот и сценарист Башким Шеху од Албанија кој живее во Шпанија, визуелниот артист Оливер Мусовиќ од Македонија, а кој живее во Германија, германскиот камерман Фабијан Лангер и студентката по кинематографија Лус Аутан ги одбраа победниците во три категории. Кај документарниот филм тоа е Патување на Исланд од шпанскиот автор Цезар Ваљхо де Кастро, кај експерименталните филмови тоа е Здраво Џо од Греем Кели од Холандија, додека кај кратките играни филмови првата награда ја доби Теоријата за спиењето од Рубен Барбоса од Шпанија.
Во рамките на годинашното издание на Watch out ќе се одржат и четири работилници. Проекциите на филмовите доколку дозволат временските услови ќе бидат во дворот од Музејот на комунистичката партија во тетовската наслеба Два бреста а во спротивно проекциите ќе се одржат во џебното кино во Лоја. Фестивалот е подржан Гете институтот од Скопје и германската организацијата Курве Вистроу(Kurve Wustrow).