Kаваи Ленард изрази желба да го напушти Сан Антонио, но сепак од Спарс не планираат да брзаат со евентуален негов излезен трансфер. Според „ЕСПН“ тимот од Тексас не си поставиле рокови за такво дејство, а на долг рок може да почекаат дури до финалниот ден за трансфери во новата сезона во НБА, кој е во февруари 2019 година.

Дваесет и шест-годишниот Ленард одигра само 9 натпревари во сезоната 2017/2018. Последниот од нив беше на 13 јануари, а неговите просечни индикатори во минатата година беа скромни во однос на претходната сезона. Каваи постигнуваше по 16,2 поени, 4,7 скока и 2,3 асистенции во деветте дуели.

Двократниот „дефанзивец на годината“ има седум сезони во професионалната кошарка кои ги помина целосно во Тексас, бранејќи ги боите на Спарс. Во 2014 година, тој беше избран за МВП во финалето, при последната освоена титула на Сан Антонио.

Претходно во текот на месецот се појави информација за интерес од страна на Бостон кон него, а дури имало и понуда која е одбиена од Спарси.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 02:17