Светскиот рекет бр.1, Роџер Федерер го победи Алјаж Бедене со 2:0 во сетови (6:3, 6:4) во првиот круг на турнирот во Хале.

Швајцарецот запиша петта победа оваа година на трева, откако претходно го освои турнирот во Штутгарт.

На Федерер му требаше еден час и 13 минути за да победи, а во следниот круг ќе игра против Французинот Беноа Пер.

Првиот тенисер на светот одигра рутински натпревар, откако направи по еден брејк во двата сета, но не дозволи ниту еден на противникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 02:51