Самсунг користи Снапдрагон процесори во своите мобилни уреди во Северна Америка, но исто така развива и свои Ексинос процесори кои ги користи на други пазари.

Во однос на графичките процесори, компанијата целосно ги користи решенијата нa АРМ - „Мали“. Сега, од „Android Police“ дознаваме дека Самсунг обелоденил нови работни места кои се поврзани со развојот на графичките процесори за мобилни уреди.

Изданието ги цитира „WinFuture“, кои објавија оглас за работа во два од американските развојни центри. Првите производи што треба да се очекуваат ќе бидат интегрирани во паметните телефони од ниска класа, автономните автомобили итн.

Најверојатно, првите такви процесори ќе бидат комбинирани со сопствените Ексинос чипсети на компанијата. Се разбира, нема потврда за ова, но очекуваме детали во блиска иднина. Исто така е можно да се намалат цените на уредите кои користат целосно сопствени решенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 02:51