Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристовски, кој последните две сезони играше во Барселона, потпиша договор со екипата Бенфика и ќе биде голман на тимот од Лисабон.

Според португалските медиуми, тој ќе потпише едногодишен договор.

- Доаѓам тука со надеж дека ќе му помогнам на клубот да освои повеќе титули. Бенфика е голем клуб, ми се допадна презентираниот проект. Ги гледав натпреварите на Спортинг и на Бенфика и мислам дека можеме да се бориме за титулата. Ако не верував дека Бенфика може да биде шампион, немаше да бидам овде, изјави Ристовски при презентацијата на „Стадио де луж“ во Лисабон.

Ристовски претходно беше дел од Вардар, Металург, Теукро, Алгесирас, Гумерзбах, Ал Агли, Кретеј и бундеслигашот Рајн Некар Левен.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 03:35