Комплетирана е листата на екипи кои следната сезона ќе играат во второто по квалитет клупско европско кошаркарско натпреварување – Еврокупот.

Учесници во Еврокупот сезона 2018/19:

Од Шпанија - Валенсија, Уника и Андора. Од Германија - Алба, Улм и Франкфурт Скилинсерс. Од Турција - Галатасарај, Тофас и Турк Телеком. Од Русија - Локомотив Кубан, Зенит и Уникс. Од Италија - Тренто, Бреша и Торино. Од Франција - Асвел, Монако и Лимож. Од Србија - Црвена Ѕвезда и Партизан. Од Литванија - Лиетувос Ритас. Од Полска - Асеко Гдиња. Од Црна Гора – Морнар. Од Хрватска – Цедевита.

Победникот следната сезона ќе обезбеди настап во елитната Евролига.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 10:48