Бразилецот Фелипе Кутињо не е загрижен за повредата на првата ѕвезда на репрезентацијата Нејмар да Силва, потенцирајќи дека фокусот треба да биде на тимот.
Нејмар во текот на вчерашниот ден го повредил зглобот, истиот оној поради што до неодамна имаше тримесечна пауза од фудбалот.
Тој е неизвесен за натпреварот против Костарика во рамките на 2.коло од Е-групата.
- Нејмар е еден од најдобрите во светот, но ние треба да се фокусираме на колективот, а не на поединецот. Така треба да размислуваме. Мораме да направиме се што се бара од нас, изјави Кутињо.
Тој верува дека Бразил ќе ја подобри играта во продолжение на Мундијалот.
- Имаме шанса да се подобриме, ние сме ментално силни, мораме да ја преземеме одговорноста затоа што го носиме дресот со бразилскиот грб, нагласи фудбалерот на Барселона.
Следниот меч на СП Бразил го игра в петок од 14 часот во Санкт Петербург против Костарика.