Британскиот тенисер Даниел Еванс не доби специјална покана за „Вимблдон“, a како причина за тоа организаторите ја наведуваат неговата суспензија поради земање на кокаин.

Еванс ја отслужи суспензијата и се врати на терените во април, но доколку сака да се натпреварува на „Вимблдон“ ќе мора да го помине претквалификациониот турнир што се игра оваа седмица, а потоа и квалификациите.

Осум британски тенисери веќе добија вајлд карти за турнирот, а организаторите наведуваат дека во случајот со Еванс станува збор за принцип поради причината за неговата суспензија.

Специјални покани добија и младиот австралиски тенисер Алекс де Минаур, како и Онс Џебур од Тунис.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 01:03