Јужнокорејската менувачница за криптовалути „Битхамб“ (Bithumb) денеска соопшти дека хакери украле виртуелни валути во вредност од 31 милион долари.
„Битхамб“, која е втора по големина менувачница во Јужна Кореја, е ограбена синоќа, но не соопшти кои криптовалути се украдени. Менувачницата по инцидентот го стопира тргувањето и промената на криптовалути во јужнокорејски вон.
Тоа е последен во низата кибер напади врз менувачници за криптовалути, што предизвика загриженост кај инвеститорите.
Хакери во текот на месецот извршија кибер напад врз менувачницата „Коинрејл“ (Coinrail) и украле виртуелни валути во вредност од 37 милиони долари.