Фудбалерот на шпанската репрезентација Серхио Бускетс по натпреварот со Иран (1:0) истакна дека тимот заминал на терен со размислување за ситуацијата во групата. Неколку часа пред синоќешниот дуел на шпанскиот тим, Португалија го совлада Мароко (1:0) и изби сама на врвот на табелата.

- Одигравме тежок натпревар, не многу убав за гледање, но најважно е што ги освоивме бодовите. Бевме во незгодна ситуација. Знаевме дека Португалија победи и тоа кај нас предизвика дополнителен психолошки притисок. Сега полесно се дише, ама тоа не значи дека во третата рунда не треба да влеземе максимално ангажирано, истакна Бускетс.

По втората рунда во оваа група Шпанија и Португалија имаат по четири бода и идентична гол разлика. Иран има три, а Мароко е без бодови. Последното 3.коло ќе одлучи за конечниот пласман на табелата и кои две селекции ќе продолжат во следната фаза од Мундијалот.

Во последниот круг, Шпанија игра со Мароко, додека Португалија за Противник ќе го има Иран.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 11:14