Американскиот судија Мајк Гергер кој ја делеше правдата на вчерашниот натпревар од СП меѓу Португалија и Мароко сакал да го добие дресот на Кристијано Роналдо.

- Слушнав од Пепе дека судијата го сака дресот на Роналдо. Мислам дека вакви работи на еден Мундијал се неверојатни. Очигледно е дека арбитерот беше импресиониран од Кристијано. Сепак треба да знае дека ова е Светско првенство, а не циркус, изјави мароканскиот репрезентативец Нордин Амрабат кој беше незадоволен од судењето.

Португалија го доби натпреварот со 1:0 со голот на Роналдо и го остави Мароко без никакви шанси за пласман во следната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 11:16