Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Марковски од денес е нов член на Еурофарм Работник, објави клубот на својата официјална веб страница.
Кружниот напаѓач се договори со управата на битолскиот суперлигаш кој ќе ја претставува Македонија во евро-куповите.
Маркоски во својата домашна кариера настапуваше за Вардар, Металург, Зомимак и Работнички, а има и интернационално искуство во Романија како играч на Орошази.
Договорот на 28-годишниот репрезентативец со Работник е со важност до јуни следната година.