Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, на сите учесници на кампот „Кирил Лазаров 7“во Охрид им порача дека сите се еднакви без оглед на возраста, квалитетот и местото од каде доаѓаат.
- Концептот на овој проект е дека сите ние без оглед на возраста, познавањето на ракометот и местото од каде доаѓаме сме еднакви и функционираме како семејство. Се надевам дека и оваа година ќе ги поместиме границите на добра организација и дека секое дете од кампот ќе си оди со убави спомени. Се потрудивме и оваа година децата да работат со најдобрите македонски тренери, со тренери од странство и со предавачи признаени во нивните области, рече Лазаров.
Во Охрид вчера стартуваше четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ со традиционален пречек на 150 кампери.
Следните две недели повеќе од 300 момчиња и девојчиња од осум земји ќе се едуцираат, дружат и забавуваат со најдобриот македонски спортист и неговиот тим тренери и предавачи.