Кон селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли за време и по завршувањето на синоќешниот натпревар со Хрватска, од трибините каде што беа сместени аргентинските навивачи беа искажувани навредливи зборови, а полета и едно шише со вода.

Незадоволни од дебаклот на својата репрезентација, навивачите на Аргентина пееја навредливи песни и плукаа во насока на селекторот.

Сампаоли подоцна ја презема одговорноста за поразот.

По два натпревари Аргентина има само еден бод и е на прагот на елиминација уште по групната фаза на Мундијалот во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 10:43