Новата сезона во македонската ракометна Супер лига ќе почне на 15 септември. Според договорот на клубовите првиот дел од сезоната ќе заврши на 15/16 декември.

Останува истиот систем на натпреварување, односно ќе се игра еднокружен систем со 18 кола. Потоа првите четири од регуларниот дел заедно со Вардар и со Металург продолжуваат во плејофот за титуала, а другите шест ќе играат за опстанок.

Двојки за првото коло:

Пелистер - Еурофарм Работник Пролет - Охрид Бутел - Прилеп Борец - Струга Вардар јуниор - Радовиш.

Во иднина новина е што секое откажување на тимови што веќе се пријавиле за настап ќе се казни со забрана за играње од три сезони, исто како и службеното лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 12:50