Каратистот Емил Павлов ќе го носи македонското знаме и ќе ја предводи нашата делегација на церемонијата на отворањето на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.

Игрите започнуваат денеска и ќе се одржуваат до први јули.

Македонија ќе биде застапена со 71 спортист во 15 спортови - карате, џудо, борење, бокс, теквондо, ракомет, одбојка, кошарка 3х3, стрелаштво, стреличарство, коњички спорт, атлетика, тенис, пинг-понг, веслање.

Македонските спортисти втор пат учествуваат на Медитеранските игри.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 15:21