Бразил во судиското надополнување ја совлада Костарика со 2:0 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Филипе Кутињо во 91-та минута беше прецизен за водство од 1:0 на бразилската репрезентација, а Нејмар во 97-та минута ја потврди победата и постигна гол за конечни 2:0.

Иако Бразилците влегоа како фаворити во натпреварот, многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во второто полувреме интересен беше и моментот кога судијата досуди пенал за Бразил, откако Нејмар падна во шеснаесетникот на Костарика. Но, по консултација со ВАР системот ја поништи својата одлука.

Бразил сега има четири бода, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман.

Во оваа група вечерва ќе играат Србија и Швајцарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 16:32