Македонската одбојкарската репрезентација со пораз ги започна Медитеранските игри во Тарагона, а беше совладана со 3:2 во сетови од селекцијата на Египет.

Египќаните поведоа, освојувајќи го првиот сет со 26:24, но македонските одбојкари го добија вториот со 24:26 и изедначија на 1:1.

Египет го доби третиот сет со 25:23, а во следниот со идентичен резултат 23:25 Македонија повторно успеа да врати на 2:2.

Во одлучувачкиот сет египетските одбојкари беа подобри и го освоија со 15:11, обезбедувајќи победа.

Македонските одбојкари следниот натпревар го играат утре од 19 часот против Шпанија.

Прв на Медитеранските игри од македонските спортисти настапи Петар Јаневски, кој се натпреварува во стреличарство, па во квалификациите стигна до 37-та позиција од 40 натпреварувачи со освоени 514 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2018 02:14