Швајцарија ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата.

Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше прецизен и Швајцарија во 52-та минута израмни на 1:1.

Швајцарската репрезентација со голот на Џердан Шакири во 90-та минута дојде до победа од 2:1.

Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2018 03:00