Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата.
Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше прецизен и Швајцарија во 52-та минута израмни на 1:1.
Швајцарската репрезентација со голот на Џердан Шакири во 90-та минута дојде до победа од 2:1.
Сепак тоа што ќе остане во фокус на натпреварот е тоа што и Гранит Џака и Џердан Шакири при прославата на головите отпоздравија кон камерите со гестикулација на двоглав орел.