Капитенот на мексиканската репрезентација, Рафаел Маркес, ги замоли навивачите на неговиот тим да ги остават фудбалерите да се одморат.

Голема група мексикански навивачи синоќа се појави пред хотелот каде е сместена мексиканската репрезентација, по што скандираа и пееја со цел да ги поздрават фудбалерите. Играчите се сретнаа со навивачите, а им се обрати капитенот.

- Навистина сме возбудени поради поддршката која ја добиваме. Лично, но и во име на целата екипа сакам да ви се заблагодарам, но и да ве замолам да не оставите да се одмориме, истакна Маркес.

Мексико во првото коло ја совлада Германија, а денеска ќе се соочи со Јужна Кореја.

- Не чека многу важен натпревар и сакаме на сите вас да ви пружиме задоволство. Затоа ве молам да не оставите да се одмориме и уште еднаш благодарам за поддршката, наведе Маркес.

Доколку Мексико ја совлада Јужна Кореја ќе обезбеди пласман во вториот круг.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2018 18:52