Македонските ракометарки ја совладаа Турција со 31:26 и со победа го почнаа настапот на Медитеранските игри во Тарагона.

Иако првиот дел од натпреварот мина во релативно израмнета игра, сепак Македонија на паузата замина со предност од 15:11.

Во второто полувреме македонските ракометарки ја одржуваа предноста до крајот на натпреварот за победата од 31:26.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 00:25