Принцот Вилијам денеска ја почнува првата петдневна официјална посета на Блиски Исток.

Тој прво ќе го посети Аман, каде ќе се сретне со јорданскиот престолонаследник Ел Хусеин бин Абдулах Втори.

Потоа принцот Вилијам ќе има средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Кенсингтонската палата турнејата на принц Вилијам ја оцени како историска, бидејќи тој пристигнува на Блиски Исток кога Израел слави 70 години од основањето, како и во тензична атмосфера помеѓу Палестинците и Израелците.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:06