Градската државна управа на Киев извести дека итно евакуира две болници во Киев, од кои едната е детска болница, поради информациите за можен руски напад врз овие објекти, пренесува Украинска правда.

Во соопштението од Градската управа на Киев се наведува дека на интернет се споделува видео со најава за руски напад врз овие медицински установи бидејќи, наводно, внатре се (украински) војници, додавајќи дека „тоа е целосна лага и непријателска провокација која се користи за напад врз социјалната инфраструктура на главниот град на Украина“.

„Со цел да се заштитат болните деца, нивните родители и медицинскиот персонал, властите во Киев прават се што е можно да ги префрлат пациентите и медицинските лица во други медицински установи“, се истакнува во соопштението



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 22:26