Германија со гол во судиското продолжение ја совлада Шведска со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија.

Стрелецот на израмнувачкиот гол за германската репрезентација Марко Ројс по натпреварот даде интресена изјава.

- Многумина во Германија посакуваа да испаднеме. Но, покажавме дека имаме тимски дух, иако Швеѓаните водеа. Имавме шанси и порано да постигнеме гол, но останавме одлучни до самиот крај, истакна Ројс.

Германија со голот од слободен удар на Тони Крос во 95-та минута ја победи Шведска и ги задржа шансите за понатамошен пласман на Мундијалот.

Во рамките на оваа група Мексико има шест бодови и е на врвот од табелата, Германија и Шведска имаат по три, а Јужна Кореја останува без бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:19