ФИФА покрена истрага против Фудбалските федерации на Хрватска и на Аргентина поради инцидентите меѓу аргентинските и хрватските навивачи на натпреварот во Нижи Новогород.
- Не можеме да го коментираме случајот, но можеме да потврдиме дека стигна пријава, истакна портпаролот на Фудбалската федерација на Хрватска, Томислав Пачак.
Хрватска убедливо ја совлада Аргентина со 3:0, а дел од аргентинските навивачи не можеа да го скријат својот бес поради катастрофалниот пораз и нападнаа неколку хрватски навивачи.
Претходно, ФИФА соопшти дека отворила истрага за швајцарските репрезентативци Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, поради гестикулирањето орел по постигнатите голови, како и против Фудбалската федерација на Србија за проблемите со српските навивачи кои извикувале политички и навредливи пораки, но и против српскиот селектор, Младен Крстајиќ, за изјавите по натпреварот.
Дисциплинската комисија на ФИФА веќе ја казни Фудбалските федерации на Полска со 10.000 швајцарски франци заради полските навивачи кои извикувале политички пораки на натпреварот против Сенегал.