Колумбија ја совлада Полска со убедливи 3:0 во натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија.

Колумбиската репрезентација прикажа поквалитетна игра особено во вториот дел на натпреварот. Полјаците со овој пораз останаа без шанси за понатамошен пласман на Мундијалот.

Јери Мина во крајот на првото полувреме со гол во 44-та минута и донесе водство за Колумбија од 1:0.

Во вториот дел Радамел Фалкао во 70-та минута зголеми на 2:0, а Хуан Квадрадо пет минути подоцна ги постави конечните 3:0.

Во оваа група Јапонија и Сенегал имаат по четири бодови, Колумбија сега има три бодови, а Полска остана без бодови и шанси. Пласманот во осминафиналето во оваа група ќе се решава во последното коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 10:36