Тимот на Саудиска Арабија го победи Египет со 2:1 во натпревар без значење во групата А на Светското првенство во Русија.

Во 22-та минута, Мохамед Салах го доведе Египет во водство. Во додаденото време на првиот дел, Салман Ал Фараџ изедначи од пенал, а во 95-тата минута Салем ја донесе победата на Саудиска Арабија.

Двата тима веќе испаднаа од турнирот и денес играа за својата чест и третото место во групата.

На голот на „фараоните“ денеска беше 45-годишниот Есам Ел Хадари, кој постави рекорд за најстариот играч кој некогаш играл на Светското првенство. Тој беше импресивен денес, па дури и спаси пенал во 41-та минута на Ал Мувалад, но неговите брилијантни настапи не се покажаа доволни за Египќаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 23:10