Автоголот на Денис Церишев на натпреварот помеѓу Уругвај и Русија е шесттиот на ова Светско првенство, а по овој показател се израмни со Мундијалот во Франција 1998 година.

Другите пет автогола беа дело на Азиз Бухадуз (Мароко), Азиз Бехиќ (Австралија), Оженекаро Етебо (Нигерија), Тиаго Зионек (Полска) и Ахмед Фати (Египет).

Рекордот може да биде срушен уште вечерва, кога на програмата се натпреварите од групата „Б“ помеѓу Иран - Португалија и Шпанија - Мароко.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 23:19