Напаѓачот на уругвајскиот национален тим, Луис Суарез беше задоволен од убедливата победа со 3:0 над домаќинот Русија и завршувањето на прво место во групата „А“ на Мундијалот 2018, но изјави дека не размислував што ќе се случи во осминафиналето.

Таму „урусите“ ќе се сретнат со победникот од групата Б.

- Беше интересен натпревар во првиот дел. Важно е дека ја освоивме групата и го направивме тоа многу убедливо. Не размислувам што ќе се случува во осминафиналето, изјави Суарез, кој беше избран за најдобар играч на натпреварот.

Напаѓачот на Барселона додаде дека тие имаат силен колектив и мислат само за она што е најважно за Уругвај и се заблагодари на фановите.

- Благодариме на нашите фанови кои не штеда време и пари, за да не поддржат од трибините. Задоволен сум тогаш, кога и тие се задоволни, дополни напаѓачот, кој реализираше еден од головите на средбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 23:19