Најголемиот светски производител на паметни телефони е заинтересиран за претставување на модел со Android Go. Ова е лесна верзија на платформата дизајнирана за евтини уреди кои немаат доволно моќен хардвер. Samsung веќе развива Android Go смартфон, a целото име на моделот e „SM-J260“. Дополнителни детали се појавија на интернет, каде се објавија техничките спецификации во првиот Android Go уред на компанијата.
Samsung SM-J260 е опремен со 5-инчен Super AMOLED дисплеј кој поддржува HD резолуција и работи со 4-јадрен Exynos 7570 процесор. Податоците откриваат дека Samsung ќе продаваат неколку верзии на пазарот, кои може да имаат различни чипови. Во задниот дел има камера од 8 мегапиксели, која е дополнета со сензор од 5 мегапиксели напред за селфи и видео повици, пренесе „TechieDrive“. Вградената меморија е 16GB, но може да се зголеми со слот за microSD.
Првиот Android Go паметен телефон на Samsung ќе има 2600 милиампер часови батерија и 1GB RAM меморија. Софтверот ќе биде базиран на фабричката верзија на Android 8.1 Oreo и ќе понуди многу од карактеристиките во платформата. Ова значи дека корисниците ќе можат да уживаат во едноставниот интерфејс и брзо да ги добијат идните надградби. Сè уште немаме информации за европската цена, но најверојатно ќе биде типична за модел од ниската ценовна класа.