Репрезентацијата на Португалија се пласира во осминафиналето на Светското фудбалско првенство и со тоа ја исполни првата цел.

Ѕвездата на португалскиот национален тим Кристијано Роналдо е задоволен од пласманот во елиминациската фаза.

-Целта е исполнета. Фокусирани на следните предизвици. Напред, Португалија. напиша Роналдо на својот Фејсбук профил.

Португалците со пет бода го освоија второто место во групата Б. Во осминафиналето ќе играат против Уругвај.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 12:02