Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години отпатува за Тиват каде во наредните два дена ќе одигра два пријателски натпревара. Утре (27 јуни) „црвено-жолтите“ ќе играат со соодветната селекција на Русиј, а в четврток против домашната селекција на Црна Гора.

Репрезентативците до 20 години речиси еден месец се во тренажен процес. Тие до вчера се подготвуваа во Скопје и во Маврово. Досега, младинците одиграа и два пријателски натпревара, на домашен терен против Унгарија.

Неколку дена по враќањето од Црна Гора, младинците ќе заминат за Софија каде ќе одиграат уште два пријателски натпревара против Бугарија.

Последни пријателски натпревари пред заминување за Европското првенство (дивизија Б) младинците ќе одиграат в Скопје против Романија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 15:14