Кирстен Данст и Џорџ Клуни работат на црната комедија „On Becoming a God in Central Florida”, ТВ серија во продукција на компанијата на Клуни - Смоукхаус Продакшнс. Серијата ќе се прикажува на Јутјуб.
Приказната е за млада вдовица, која заради својот бизнис останала без пари, и едно локално момче, кое сака да и помогне да си врати дел од загубеното.
Сценариото е на Роберт Фанки и Мет Латски, режисер ќе биде Чарли Мекдауел, а премиерата е закажана за 2019 година.